ЗА ФЕСТИВАЛОТ

Уникатен open air музички фестивал чија цел e урбано будење и градење на улична култура. На првото издание на True Sound Of Kamenica кое се оддржа на 11 Јули 2014, настапија: Vladimir Acic и Loco Baby од Србија, Christian Craken, Momo Dobrev и Miss Party од Бугарија и македонските диџеи Даркман, Абраш, ЗокиПоки и Борче Панов.
Дел од вториот True Sound Of Kamenica кој се оддржа на 3 и 4 јули 2015 година беа: Zoster (BiH), Manuel De La Mare (IT), Green Out (MKD), DJ Diass (BG), Double D (BG) и DJ Nixar (MKD).
На True Sound Of Kamenica 3 кој се оддржа на 30-ти јуни 2017 настапија Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, бендовите 4и21, Lithium и DJ 5kowski.
Четвртиот True Sound Of Kamenica се одржa на 18 и 19 август 2017 година, на старото спортско игралиште во Македонска Каменица. На #TSOK2017 настапija италијанскиот диџеј Alex Kenji, супербендот Conquering Lion, македонската рап сензација „Зад аголот“, македонскитe диџеи Андреј Мицајков, Flooder и Самоил Радински, локалниот рап состав „Јама46“ и локалниот бенд 4и21.
Во 2018 година, Македонска Каменица беше домаќин на True Sound of Kamenica 5 и True Sound of Kamenica 6. Датумот 23.06.2018 (True Sound of Kamenica 5) беше резервиран за Weltschmerz (EKV Tribute), за The Black & Vice Social Club и феноменалната фестивалска атракција Kultur Shock.
True Sound of Kamenica 6 (11.08.2018 и 12.08.2018)
На 11.08.2018 публиката, пак, можеше да ужива во маестралните настапи на босанскиот бендн Zoster, македонскиот бенд КИ (Ki Oficijalna Stranica) и огненото шоу на Acid Triple. На 12.08.2018, беше време за техно. На финалниот ден на фестивалот настапија Stefano Noferini, Nennat Omen, Angella, Lesya и Blendimore.
Дел од промотивните настани на True Sound of Kamenica беа и стенд ап шоуто на Two Mothers Brothers, стенд ап комедијата „Вештачка интелегенција, природна глупост“ на Никола Тодороски, концертите на Антониа Гиговска и тетовскиот бенд Шербет и уште неколку други.