True Sound of Kamenica 2018

Во 2018 година, Македонска Каменица беше домаќин на четвртото издание на True Sound of Kamenica. Датумот 23.06.2018 беше резервиран за Weltschmerz (EKV Tribute), за The Black & Vice Social Club и феноменалната фестивалска атракција Kultur Shock. На 11.08.2018 публиката, пак, можеше да ужива во маестралните настапи на босанскиот бендн Zoster, македонскиот бенд КИ (Ki Oficijalna Stranica) и огненото шоу на Acid Triple. На 12.08.2018, беше време за техно. На финалниот ден на фестивалот настапија Stefano Noferini, Nennat Omen, Angella, Lesya и Blendimore.
Дел од промотивните настани на True Sound of Kamenica беа и стенд ап шоуто на Two Mothers Brothers, стенд ап комедијата „Вештачка интелегенција, природна глупост“ на Никола Тодороски, концертите на Антониа Гиговска и тетовскиот бенд Шербет и уште неколку други.