EUROP’RAID 2018

Популарната француска иницијатива Europ’Raid по вторпат ја стави Македонска Каменица на својата мапа. Учесниците на најголемата европска рели авантура и во текот на 2018 година ноќева на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица. На патот низ 20 европски земји, за дваесетина дена, единствената локација за ноќевање на 750 млади Французи во Македонија беше малата рударска општина. Французите кои патуваа низ Европа со возила од марката „Пежо 205“ организираа и солидарна акција, а за годинава се предвидени донации за основното училиште и за локалните спортски клубови во Македонска Каменица. Во рамки на Europ’Raid 2018, македонскиот организатор на настанот – АСГАРД 2015 од Македонска Каменица подготви културна програма и настап на реномирани бендови и диџеи.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Линкови за Europ’Raid 2018 во Македонска Каменица:

750 млади Французи ја посетија Македонска Каменица

Во Македонска Каменица доделена е првата донација од Europ’ Raid 2018

Македонска Каменица домаќин на Europ’Raid

Доделен школски прибор за сите ученици во Македонска Каменица