Најгламурозните криминалци: ПИНК ПАНТЕРИ

Пинк Пантери е име кое Интерпол и го додели на меѓународна криминална група која се занимава со крадење злато и скапоцени камења. Оваа група е одговорна за некои од најсмелите и најгламурозните грабежи во историјата, што пак е причини членовите на Пинк Пантери да бидат прогласени за „своевидни уметници“.  Нивните мети се во богатите држави на сите континенти. Имаат извршено грабежи во Дубаи, Швајцарија, Јапонија, Франција, Лихтенштајн, Германија, Луксембург, Шпанија, Монако, а вредноста на украдениот накит се проценува на повеќе од 500 милиони евра.

Во сите грабежи на златарите во кои пазаруваат само најбогатите е применет ист стил и гламур, ноншалантност и брзина, а ниту едно лице не е убиено или рането. Членовите на Пинк Пантери најчесто се по потекло од просторите од поранешна Југославија и се смета дека во групата има повеќе од 400 припадници. Сите тие зборуваат повеќе јазици, имаат лажни пасоши, а организацијата им е на систем на ќелии. Речиси девеесет проценти од украденото богатство никогаш не е пронајдено.

Иако ИНТЕРПОЛ групата ја нарекува „Пинк Пантери“ најверојатно е дека овој назив членовите на оваа криминална група воопшто не го користат. Начинот на оргаинација, пак, е причина што сосема сигурно е дека голем дел од ограбувачите никогаш нема да бидат откриени.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *