Рудник САСА е компанија на неделата според Сојуз на синдикати на Македонија

Каменичкиот рудник „Саса“ е избран за најдобра македонска компанија на неделата. Ова признание е уште позначајно ако се напомене дека доаѓа од Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ). Изборот за најдобра компанија на неделата е сосема заслужен ако се знае дека и во овие тешки моменти, кога светот се соочува со пандемија, Рудник Саса направи неколку значајни чекори:

  • ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА 5%
  • ИСПЛАТИ ПРЕМИЈА (БОНУС) НА ВРАБОТЕНИТЕ
  • ВОВЕДЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ И ПРОТОКОЛИ ЗА БЗР ПОВРЗАНИ СО СОVID – 19
  • ДОНИРАШЕ 125 000 ЕВРА ЗА БОРБА ПРОТИВ COVID – 19

Покрај ова, Рудник Саса продолжува со силната и веќе докажаната општествена одговорност. Компанијата е главен двигател на локалната економија во Македонска Каменица, но и главен покровител на речиси сите спортски клубови, културни настани и манифестации, социјални активности, а и сериозен подржувач на образованието, здравството и невладиниот сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *