ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – Извадок од Ден 45

„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ ќе биде во целост објавен на 01.09.2020.

Повеќе делови од „Дневникот на еден карантинаш“ барајте на
https://www.instagram.com/eskimmk/

или на https://www.facebook.com/vasko.despodovski

Е сега идеме јако за 1-ви мај. Стануваме у четири, пакуваме се брже и чекаме да к’цне пет и политуваме на скара. Џабе ле току се сликахме по шумите и браната са ако останеме без скара. И помоќна организација, цели друштва, машките по 700, женските по 500 денара ќе даваа. И шатори зимајте, и 2-ри мај да се чека. Како Нова година, со огномети, пиво, вино, ракија. Пушени кобасици да се напрајме, да не можат да не познаат на 3-ти.

Исчистете камерите на телефоните, појаки слика да вадат, каде фаците ќе са ви сплескани, па и замрчкани ле да сте. Ја уште са спреам филтрите на камерата, како Леонардо ди Каприо у „Catch me if you can“ да испадам. Това од почетоко, после откако ме запече с’нцето, како Џек Спероу од „Пиратите од Карибите“.

Ја ќе сам „Пирато од Калимаци“! Пошто делфините се врнаа у Венеција, лебедите у Охрид, у Калиманци се врнаа платиките и веќе сме попопуларна дестинација од гореспомнаните метрополи.

Надевам се дека нема да заглава по „Калата“ па да се врна како Робинзон Крусо, после седумдесе и четири дена. Оно мош и поарно ќе е, поминал коронавирусо, ја со трбушни како Џет Ли, без вакцината на Бил Гејтс, сите 5Г антени запалени од мојте пријателчиња-спасители на свето, градоначалнико на Куманово направил партија на слободоумни талкачи по тестове, Груевски се врнал од Будимпешта и го чита мојо „Дневник“ пред Вера Јоциќ, а Заев па пушта аудио верзија од „Дневнико“ и им се восхитува на мојте пустоловини. Како да сам Бојко Борисов лично, само малку пописмен.

И кога сите ќе очекуваа да им раскажувам како сам преживеал само со јадење змии и гуштери, ја мистериозно ќе им кимна, фатам си женичката под рака и заминуваме со залезо на с’нцето. Право у Дојран!

И нареднио ден ќе излегне само кратка изјава на www.kamenica.mk – Фак ју чиповани, ал би бек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *