ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – Извадок од Ден 44

„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ ќе биде во целост објавен на 01.09.2020.

Повеќе делови од „Дневникот на еден карантинаш“ барајте на
https://www.instagram.com/eskimmk/

или на https://www.facebook.com/vasko.despodovski

Откако ги открих тајните на илуминатите и масоните, откако ви објасних дека Бил Гејтс е лош човек, откако станах експерт за 4G и 5G мрежи, откако видех дека штрковето сепак дојдеа у Облешево, а врапчињата са у Грција и чекаа да се отворат границите, и откако видех дека разноразни Ацалукаси владеат на балканските простори и са главни креатори на политиките, реших нешто нооогу важно. Оправајте се натамо, ја станувам кувар.

Веќе сам експерт за палачинки и амерички крофни, цезар и мимоза салата праа со врзани очи, а поховани зденки само со левата рака. Фризурата ми е како на Џејми Оливер, а у коремо сам како тај дебелио кувар од „екипата на пиперките“, дотерувам се како Нусрет, а советите са ми како Доктор Оз. Алачки веќе ме тражи за партнер, ама не бива, за неа сам ја некст левел. Ај ем д бест!

Добих емисија на национална телевизија, „Розава кујна“, оти и вестите са им розави. Се е слатко кога ти го правиш, вика ми таа водителката Татјана-бивша манекенка. Марјана ме викна у лотото, место пластични топчиња, да и права сникерс бомбици, да ги вртиме у барабано. Тражат ме и политичари да им направа некој специјалитет, ама за них само експериментална британска вакцина. Они додека ни п’нат главата глупости, ја вежбам п’нени пиперки, п’нено телешко и слични тракатанци.

И да може сами да заклучите коку сам јак ќе ви кажа само дека стиховите „da mi dođeš lijep kao prorok među pošten svijet“, Јелена Розга ги е испеала само за мене и никој друг.

Поминаа четириесе и четири дена, а у мене оште глупости има. Караме јако, до стотка!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *