ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – Извадок од Ден 32

„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ ќе биде во целост објавен на 01.09.2020.

Повеќе делови од „Дневникот на еден карантинаш“ барајте на

https://www.instagram.com/eskimmk/

или на https://www.facebook.com/vasko.despodovski

Ногу се изнервирах денеска. Текна ми дека министеро за здравство има две имиња, ем Венко, ем Филипче, а ја само едно. И реших да се прекрста. Са ќе се викам Џи Пет, Пет Џи или Пет Гига, не знам баш како го викате. И кренувам  у мисија, да тража дека са штрковето оти само пет ошли у Облешево. Аке не ги е преебала короната, сигурен сам дека ќе ги најда. Штрковето мора да бидат спасени, они доносат деца и ги пуштаа у оџаците на свето.

А со прославите за Велигден додека стигнахме. Кажете му на тај главнио поп у Македонија, се му заборавам името, дека сите ќе му пуштиме по пеесе денара. Он па ќе има за нов џип и таквоа модерно бротче, а народо нема да шири корона, туку ќе си седи по дома. Кој е верник и од дома ќе се моли, сигурен сам дека Господ ќе има разбирање.

Мисла дека карантино ме накара на турбофолк. Некои текстови ептен ми се засвиѓаа. Това са току срцепарателни приказни, просто не ми е јасно дека камион, трактор, џага, брусалица и бордел можат некој току ногу ногу да го инспирираа. Стварно ремек дела.

Сега ќе се врзувам косата у пунџа, шминкам се, облача бициклистички како Јелена Крлеуша и праа спот. Мора и ја да стана славен. Не мој да очекувате спот како тај на Северина, ја сакам да си стана славен со талент. Нешто Сандра Африка тај стил. Слабо пеа, ама јако играм

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *