ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – Извадок од Ден 31

„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ ќе биде во целост објавен на 01.09.2020.

Повеќе делови од „Дневникот на еден карантинаш“ барајте на

https://www.instagram.com/eskimmk/

или на https://www.facebook.com/vasko.despodovski

… Сношти па гледах малку циркус на телевизија. Полицијата уапси двајца кои го прекршили полицискио час у Ченто, Скопје. Половин населба излегна на протест.
Ја не можех ни цигарата да допуша, тамо веќе беше ојдел градоначалник, полицијата ги ослободи тие двајцата, свето се раскараа, ојдеа си по дома, прикараа си по една ракиичка и те ги са на месинџер ми објаснуваа како „два лешнака еден орех кршат“.

Знаете ле дека Аца Лукас пред две недели го уапал лилјак. И он не фанал корона, ама лилјако паднал издрогиран. Те го на клиника лечат го од зависност. Там уапал еден доктор, две болничарки и еден шофер. Сите са прогласени за нарко зависници.

… На мене у моменто да ми земат брис за да видат дали имам корона, ќе најдат траги од лак за дрва, црна боја за металситни дрвени струготини, остатоци од пур пена и ладно 3 у 1. Ја маси фарбам, а вас ве нема да помогнете. Станали сте таквија, само за на коливо да ве викаа.

Ама нема врска, ќе си караме кој како си знае. Плус нешто физичка работа ми е дел од подготовките. Току сам спреман моментално, шо едвај чекам да почне фудбалската сезона. Гарант улаза у први единаесе у Саса. А како хледам како му пада вредноста на Кристијано Роналдо, од догодина ќе ми стега копачките. Меси пошто е бааги помалечок ќе ми носи торбицата со опрема. Мош ќе ви е чудно, ама ја до са да играх фудбал, никој немаше да е слушнал за Нејмар, он ќе продаваше амерички крофни по бразилските плажи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *