ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – Извадок од Ден 25

„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ ќе биде во целост објавен на 01.09.2020.

Повеќе делови од „Дневникот на еден карантинаш“ барајте на

https://www.instagram.com/eskimmk/

или на https://www.facebook.com/vasko.despodovski

… Са ќе ви кажа дека и ја не сам совршен. Една од мојте најголеми маани е да облечам чорап на левата нога. Особено ако е од тие подлгите чорапи. По петнаесе минути места ногата, врта се, пота се и на крајо се усукам, згужвам на две-на три, како шо се згужваа хулахопките на женска ако са и три-четири броја поголеми.

Втор проблем са ми саатите. Тие со стрелки. Нема шанса од прва да погодам коку е саато. Како Ајнштајн ги решавам, по половин саат. Затова се наприх на зор колекционер. Само ги збирам, а не ги носа. Е кога се дотерувам за некоја свадба, а викашеа ме стално пред да избие вирусо, обавезно ставам еден. Најнезгодно ми е кога на сред свадба, излегна да пуша цигара и некој таков играорац како мене исто излегнал и ме пита коку е саато, кога ќе ставаа вечерата. Откако два-три пати се упезих и не можех точно да кажа, смислих си стален одговор – абе маме му ебем и на саато, застанал баш кога сам излегнал од дома, у седум и петнаесе. Нема врска, саато си работи, ама кој ќе се мачи да смета и да мозга, дека била малечката, а дека големата стрелка, Па дели, па собирај, па одземај. Ногу математика е това.

Од ногуте таквиа маани, третата е шо ногу шетам ако се задумам на телефон. Еднаш за петнасе-дваесе минути од дома бех одил до борчето, до црквата, неа четири пати ја бех биколил, а не беше Велигден, па до базенто и горе до пазаро. Свето са се чудили шо праа, ама ја кога видех дека сам изодил седум километра, викам си ох, ох, наприх си тело како Кристијано Роналдо. Они нека се чудат и кога ќе се разгашта летоска.

Са сфанах зашо уведоа току ногу карантин, ем Катица да се чувствува поеднакво со сите, ем ја да не стана ногу згоден. Ама ја ќе ги прееба, и дома си врта крукчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *