ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ – Извадок од Ден 23

Ние значајните фактори донесохме одлука – оваа година нема да се важи, кој коку години е бил сега, току ќе е и догодина. До крајо на годината нема шо да трескате пари да се улепшувате, да се прајте на зор помлади. Само држете линија, другото ние ќе опрајме.
Ќе доносиме и други таквиа одлуки кои ќе бидат у ваша корист. Пример спрема се уредба со законска сила за сите женски шо после карантино ќе излегнат со минус килажа. Они ќе добиваа гратис солариум, спа услуги и надградба на коса и нокти.

Нај жал ме е за тие типчињата шо сакаа да удараа по автомати за коцкање. Они кога отворат фрижидеро и кога видат банани, лимони, грозје, портокали, одма ги редат у линија. И трескаа по фрижидеро да им пушти парички. Две здруженија на коцкари поднесоа иницијатива најзапалените членове да можат да играа, по еден у казино, со п’на заштитна опрема.
Ние, од нашта партија ветихме дека само да помине кризата, бројо на казина го зголемуваме за триесе посто. Това е и психолошка и практична мерка. Ем малце да се посмирува ова група пациенти, ем да им спасиме прстите, оти са ги излижаа од вртење по телефоните со „онлајн вочкице“. Нема шанси отпечаток од прст да им земеш. Това е мазно, мазно, да те погалат ќе си помислиш со сатен са те погалили.

А за тие па женските шо маашеа по казината ќе уведеме нов модел – џакузи казино. Лежат у џакузи и играа, молат се да им врзе пет седмици, или цел екран лубеници. Ама това важи само ако не се удебелеат. Оти ако са дебели, дека у џакузи ќе ги збере, треба у базент автомати да ставаме.
Тие па кладионичарите са посебна приказна. Они интелектуално са најпогодени од мерките. Таман беа увежбали бројките и половин од буквите на латиница, па ќе ги забораат. За них ќе спремаме уредба да можат да кладат одиграни утакмици у 2018 година, ама да не можат да користат интернет. Па се ќе промашат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *