„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ – Извадок од Ден 22

„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ ќе биде во целост објавен на 01.09.2020.

Повеќе делови од „Дневникот на еден карантинаш“ барајте на

https://www.instagram.com/eskimmk/

или на https://www.facebook.com/vasko.despodovski

… Денеска станах економист. Пишам економски мерки на свет шо по дваесе години са учили економија. Како сам кренал до Велигден гарант ќе стана поп. Ама лош поп, ќе ве гона со метла ако сте кренали да биколите црквата и да се кцате со јајца. Заебете са това, догодина па ќе има Велигден. Не е лошо малку и цајкан да сам. Да се сликам селфи у полициски час. Половин од вас ќе се испоразболат од мака, како и они не станали цајкани, да можат да си излазат кога сакаа. Те бе, вие станете доктори, и заедно ќе прајме фотосесии на плоштадо и на кејо.

Глеате дека за Каменица слабо са слушнали свето. Малце посекси фотографии мора да прајме,повише да не шеруваа и поинфлуентни да сме. Инфлуенсери ги викаа обично тие шо се утепаа да си сликаа газо и на нијните профили го има на најмалку 1428 објави. Еден газ, милион железни врати отвара. Учете малку за современите времиња. Залегнали сте по дома, немој квасецо и тоалетната да ви земе некој. Чотрави по цел ден, мислите се од небо пада. Е не пада, глеајте и учете како овиа од СЈО се изборија за нијните плати у вонредна состојба. Е оти са трудољубиви они мед ке сркаа, а вие стап ќе јадете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *