„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ – извадок од Ден 20

„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ ќе биде во целост објавен на 01.09.2020.

Повеќе делови од „Дневникот на еден карантинаш“ барајте на

https://www.instagram.com/eskimmk/

или на https://www.facebook.com/vasko.despodovski

… Мисла си сега, нема никаква разлика од това кога бех шесто одделение и сега. И тогаш и са ми викаа, до осум и пол и да си дома, да не пробаш сукалката. И тогаш и са, пиеш млеко, глеаш цртан и си легнуваш. Само шо са цртаните са со политичари.
А вас ве глеам, особено тие од поубавио пол, ногу сте се расчитали. Се некои дебели книги. Кога ќе заврши карантино, се научници ќе излегнете, се цвикераши. Ние у кафичо ве пратиме и се спремаме. Прајме мени како библијата. Доеш, читаш половин саат и порачаш – кафе. Одиш у вецето, кинеш тоалетна и на неа принт со мудра мисла од познат автор. Ќе има и шемичка – кафе и книга, 60 денара.
Тие шо не читаа, па ногу вежбаа. Спремаа се за летото, да са топ. Пошто ќе банкротираме сите до летото, ќе завршиме на плажа на Калиманци – Тодоровци Голден Бич. Кочанци, Виничани и Делчевци само од ридо ќе можат да гледаа. А ние ќе организираме Мис, Калиманска рибица. Секоја месна заедница у Каменица ќе има две претставнички. И пример победи претставничката од Моштица, главна награда ќе е шесдневно летување у Дојран. И кога си дојде ќе дава интервју за www.kamenica.mk. Како си поминала у една такваа светска дестинација. Сите ќе ја читаме и ќе се воодушевуваме, едвај ќе чекаме да стави слики на стори.
И додека ние тука имаме уште малце време да се поладиме, у Куманово се дешаваа чуда. Ставили апарати за дезинфекција на коли, на третио ден го снемало. Секое чудо за три дена. Са само еден ќе се спаси. Ќе си прска по дома, очи да му испрснат – шо викаа постарите.
А ја слава дваеска со посебна, домашно кзојо сирење, вегета, ролат од Винчини, синалко, чачкалици и еден квасец за декорација. Со тоалетна хартија си бришам рацете, оти имама бааги, постално ги претакам.

(извадок од „Дневникот на еден карантинаш“ – Ден 20)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *