„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ – Извадоци од Ден 11,12 и 13

„ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ“ ќе биде во целост објавен на 01.09.2020.

(извадок од Дневникот на еден карантинаш – Ден 11)

… Мораше да излаза денеска. Мисла дека ни короната не ме очекуваше, изненадих ја, а и ногу бех брз и разрипан па нема шанси да ме фане. Фанаа ме некои попове со едно камионче, накадија ме и ме напрскаа светена вода, са и ѓаволо бега од мене…

… Са ми текна. На тие шо ни украдоа гајбите заборих да им кажа дека има коронавирус по них. Или ги врнете или ќе го активираме.

… Имаме квасец! Са се чудиме шо да го прајме. На жената и текна. Ќе го напрајме супа. Една коцка квасец, четири чинии супа ќе искараме.

 

(извадок од „Дневникот на еден карантинаш“ – Ден 12)

… Кренах до банката. Поглиждам се у огледалото у лифто – жива еротика. Ќе се шекнат бабичките шо чекаа да извадат пензијата. Са ги има еден куп, 10.30 е.

… У Ден 12 решавам дека веќе не пишам. Има други, а ја имам нова занимација. Апаратите и машините дома ги крстих со имињата на персонало од Клиф, па со них се расправам. Почнах да гледам и турски серии, ако почна да слушам и Аца Лукас, нема зашо да завршува карантино.

 

(извадок од Дневникот на еден карантинаш – Ден 13)

… Шо бе куклички, веќе ни се дотерувате, ни јадете, а? Нема веќе “те го мојо нов фустан”, “една слика со мојта нова крзнена бунда” по ваште сториња. Нема веќе ни поховани даски, овали со месо и дебели слатки, декорирани како да ги е цртал Шеки уметнико.
Са по цел ден у скинани пиџами маате по дома, не ви се сликаа бобо и компир манџите, а рацете ви са укакани од квасец и умотани сте со тоалет.
Ја кога ви виках јадете си прженици по дома, вие викахте, абе бегај не си у мода.
Те ви са мода.

… Јавија ми се телекомуникациски експерти, другари шо ојдеа да работат по странство. Кажаа ми дека 5Г мрежата прво ќе ги уништуваа тие што не са прочитили ниедна книга, политичари и тие шо сакаа да профитираа у време на пандемија. Може да се спасат само ако делат квасец, тоалетна и макарони со сиромаштијата. Овоа ми го потврди и Бил Гејтс лично. Затова не се заебавајте, сфанете го сериозно.

Повеќе делови од „Дневникот на еден карантинаш“ барајте на https://www.instagram.com/eskimmk/

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *