Загрозени 29.000 вработени во угостителството. Угостителите бараат помош од државата

– Државата да каже дали предвидува поддршка за угостителите. Ако не, тие навреме да бараат помош преку други мерки, за да не останат без никаков приход, апелира денеска Групацијата за угостителство при Сојузот на стопански комори.

Групацијата предупреди дека угостителите не можат сами да го издржат економскиот удар од коронавирусот и дека најверојатно голем дел од вработените ќе бидат одјавени и ќе останат без работа заклучно со 31 март. Со тоа, директно ќе биде доведена во прашање егзистенцијата на 29.000 луѓе колку што се вработени во оваа гранка, а дополнително проблемите ќе ги почувствуваат и нивните семејства.

Мерките кои се веќе предложени, не ги решаваат нивните проблеми и не само што нема да им помогнат да ги надминат финансиските проблеми, туку и дополнително ќе ги задолжат. Според Мартин Ангеловски од Групацијата, предложениот пакет мерки ќе стапи во сила од април, а угостителите веќе преку половина месец се без приходи.

Целиот текст побарајте го на https://www.libertas.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *