ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – ДЕН 10

Голем јубилеј е денеска! Десет дена, у кои сам си думал у живо со единаесе човека. Женичката направи торта да прославиме. Влашка торта, ем поефтина, ем за двајца. Ја целата ја скрках, е не пржени рибанки ќе јада.

Приоди ми се на море малце. Облекох купачи, напаних кадата, истурих едно кило сол у неа. Неќу ја по тија наште ѓолове да се банам, солена водичка сакам. Два саата сам се џиткал како ненормален, не сам излазил од водата. И оште ќе се банах ама дојде жената, па изедох две-три влечки през гас. Искара ме на тарасата, вика те на плажа поседи малку.

Од тарасата видех вонка снег наврнало. Ја не сам клошар како шо викаа тие полицајците, не седа дома, ојдех да скијам. Земах една петкилска тиба вода, маскирах се и излегнах. Поледих една лизгалка вонка, д’лга, дваесеметарска. На почеток се чудија комшиите, ама нема половин саат цела зграда беше вонка. Лизгаа се, радуваа се, изглеа прв пат гледаа таквоа нешто. Тие старите ги нападих. Рекох им, ајде коронаши, се што сте над шеесе и седум години право дома, од тарасите ќе глеате. Они па солидарни, направија сендвичи за сите и вонка ни ги пуштија, на паузата да јадеме.

Е коа си дојдех, мокор, прекапнал, накашкан, жената ќе поулавееше. Па две-три влечки изедох, и у ќошо до шпорето ме ставија, да се позгреа.

Са телевизија на нога гледам, а дали леб ќе апнувам оште не знам.

Ебах си го и јубилејо си викам. На десет дена коку ќотек изедох, а па на дваесе како ќе е.

Битната порака е: Искористете го овај период на изолација за да поминете некој онлајн курс. Има ногу добри и ногу ефтини, а сигурен сам дека ќе ви служат после оваа пандемијата.

КАРАНТИН – ДЕН 10Голем јубилеј е денеска! Десет дена, у кои сам си думал у живо со единаесе човека. Женичката направи…

Posted by Vasko V. Despodovski on Tuesday, March 24, 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *