ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – ДЕН 9

Не е нормално коку ми фали Cliff of Moher. Како врзано говедо сам. Како мушица без глава се маам натам-навам. Женичката ми излази у сусрет. Шанкерка ќе е. Излаза од вонка, ритнувам вратата и викам: Ај едно продужено еспресо и една негазирана вода, оти сам умрел.

  • Прај се веќе, не надигај – со половин уста ми продумува.

Прикарува ми некоја попара шо ни оддалеко не личи на кафе и една тегла вода од чешмата. Сите чаши били за миење. Преќутувам си, пала цигара и затварам очите додека пиинувам од кафето. Музика у позадина нема, добро де и у Клиф стално снемува. Слушам само гласо на Наќе – министеро за внатрешни, на професоро Милан по одбрана ме потсишта. Срцепарателен и депресивен у исто време. Отварам очите. Гледам Оливер е сега на прес. Намалам тоно. Абе овај прај исти фаци како Митко по историја, кога се спремаше да се тепа со мене оти сам направил некоја глупост. Се ми се чини, јазико и устата ќе си преапе.

  • Ајдеее, доста лежа по кафичо. Оди среди си дрејте магаре некое – изнервирува се женичката.

За 47 секунди се дера – среденоооо. Шо ќе среда, три пара чорапи, три пара гашти, две мајци, еден пар ѕиври, една поткошула, два дуксера, едни фармерки и два пара тренерки. Тие поновите тренерки ги тргам настрана, нема да ги носа, ако ме фане вирусо за у болницата ќе са ми.

  • Среди и јадењето од вчера, проветрило се, срамота е оште да седи на терасата – стига новата наредба.

Слушам ја. Одмах кренувам. Немахме некое посаглам средство, па амбалажата ја прскахме некој отров за глувци (трескам глупости, немој и вие дома да зафанете се и свашта да прскате). Това шо личи на јадење го реда низ фрижидеро и низ фиоките. Глупостите, штрудли, медени срца, политанка, леблебија, кикиритки со лушпа, бисквити, смоки од пет денара, некои кокосови топчета пропуштам се у една кутија. Тие нека стојат, ќе се најдат ако се свија.

Почас нема да мога да пишам. Имам нова функција – Виш координатор и прв соработник на жената, личен кувар и кафекувар, хигиеничар, подај това-подај онова техничко лице и други итни и неодложни работи. Плата, десет посто од нејната дневница. Готово, поново сам у игра, ќе има за апчиња, ако недај боже нешто ми се деси.

 

Битната порака е: Не купувајте лекарства и не пробајте сами да се лечите како шо пишаа некои интернет портали. Стрпете се, попаметните од нас ќе измислат лек и вакцина. До тогаш, седете си дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *