ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – ДЕН 8

КАРАНТИН – ДЕН 8

Денешнио ден одма почна со проблем од епски размери. Тража, тража, упаљачо никаде ми го нема. Сите шо пушат, мисла сите шо пушат цигари, знаат дека за упаљач човек се убива. Тие шо знаат историја, текнува им дека сите војни са почнали или заради жена или заради огинче.

И ја одмах делувам. Како Шерлок Холмс почнах истрага. Собрах сите комшии и го тража виновнико. Кој дека е видел упаљачо, кој уопште не ме е видувал ни мене, кој дека е одил, дали некој го е изнел и го е продал. Сите прашања мора да се одговорат. Откако расчистихме некои работи и откако дојде време втор пат да ода у веце, решава се мистеријата. Ја сам појак и од Џејмс Бонд. Фатам го упаљачо како проба да ми избега преку канализацијата. Уште сабаалето се нурнал у шољата и нема намера да ми се врашта. Акооо, со сила убавина не бива, прежалувам го, са за са ќе пала од шпорето, а до почас ќе зема нов.

Со женичката решииме дека мора да одиме по нов упаљач и по некои други ситници. Маскирааме се да не не познаат, оти веќе станааме планетарно познати суперхерои и кренааме.

Она одамна не е возила автомобилчето и викам ај ќе ја повоза у количка за пазарување. Литаме низ маркето, Брзи и бесни новио дел. Она се радува како малечко дете, тражи побрже да карам. Ама рафт не промаши, дека стигна од там нешто зема, како на Џандар збира да е. Маани тај срам, кара ме со количката до зградата да ја носа, не можела на раце да носи. Да имаше кој да ме види у земја ќе пропаднех.

После бееме на генералка, од глава до пети. Тотално чистење на последиците од одење до маркето.

Ја пеах малку и свирех на метлата. Комшиите поради мене донесоа едногласна одлука дека нашта зграда нема ни да пее, ни да плуска по тарасите.

Држах и митинг, ама широките народни маси кои беа предводени од женичката ме маа со јајца и тоалет хартија, нема шанси да ме гласаа.

Сега реших малце да се понашам како маж у куќата, нема више заебанции. Ја ќе праа вечера, и десерт смислих, а жената нека седне пред телевизоро, нека гледа турска серија, оти фудбал веќе нема и нека пие пиво.

Битната порака е: Не правете непотребни трошоци, никој не знае до кога ќе трае овоа лудило.

КАРАНТИН – ДЕН 8Денешнио ден одма почна со проблем од епски размери. Тража, тража, упаљачо никаде ми го нема. Сите шо…

Posted by Vasko V. Despodovski on Sunday, March 22, 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *