ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – ДЕН 7

КАРАНТИН – ДЕН 7
Господ рекол шес дена работи, седмио одмарај. Така и ја бех решил, шес дена пишах Дневник, на седмио само слика ќе стаа, дека сам арен, жив, да не ме мислите.
И бех кренал до маркето да купа лебец, и квасец ако најда, за после да мога цел ден да лежа. Таман на вратата, разрипа се пералната за дреи, пред мене ќе излази. Ни маска ставила, ни ракавици, рипа, тропа, бучи како Боинг од тие постарите, препречи ми излезо. Објаснувах и дека това шо го прави ни е цивилизирано, ни паметно, нема разбирачка. Половин саат сам ја стискал како улав. Видех не бива фана лупна ја одземи, расфрлам и дреи и се, ако треба на гашти ќе ода, ама со неа веќе не се расправам.
Претрчах, земах леб и викам ќе лежа.
Нема саат време раститка се и телефон, и компјутер, нови риквестове на фејсбук ми стигаа. Се некои порно ѕвездички, од дека ме наодат појма неам, баш са кат треба да сам у социјална дистанца шо викаа свето. Виде и женичката шо се дешава, па почна да се дере – Дека ги наодиш, регистрирал си се некаде и затова са те наодат. Абе човек, не знам шо е работата, ни ги знам, ни ги познавам, имам еден сајт ама тај е само за гледање, не е за дружење. Ни реченицата не доврших, бирна ме со тавата у едната рака и со пеглата у другата. Нешто изедох еднаш, пегла ле беше, тава ле беше не знам, ама бааги ми е сплескана едната страна на главата.
Успеах да избегам, викам ќе и се пораскара до почас, ќе се врна. Покасното посмири се ситуацијата, мисла си ај ќе и викам да се шетаме, ќе ја запросувам. Кренааме да биколиме еден круг, маскирани како тие нинџите шо го нападаа по Брус Ли. Стиgнааме до едно поромантично место, вада прстено, клекнувам, кажувам се шо ми дое на ак’л. Gотова е, познава се. Пробам да стаа прстено, не бива, ни напред ни назад. Па ме бирна, гони ми како побеснело куче. За друга бил прстено, не бил за неа. Бегах седам километра, додека не ми текна дека од ракавиците не се фана прстено. Виснах, дера се од далеко, објаснувам, па ја смирих, ама не биде са. Па останах неженен, ама не се откажувам. Ееее, живото е пред мене, ако не ме преебе вирусо, ќе се ожена.
 
Битната порака е: Не бееме паметни ќе ни уведат полициски час, ако па не сме паметни по цел ден ќе ни забранат да излазиме од дома. Почитувајте препораки, бидете посериозни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *