ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – ДЕН 6

КАРАНТИН – ДЕН 6 (прв дел)

Пред некое време, на настап у Пивница, другаро Игор Џамбазов кажа нешто што на каменички се преводи овака: Дено кога вие се родихте, ја бех умрел пијан. И сега треба ја да ве забављам.. Ама ми текна дека и Хемингвеј кога го е напишал „Старецо и морето“ не е бил тинејџер, па глеај го са, радосен си лежи у гробо. И ја затова ќе си пишам „Дневнико“.
Сношти бех на диско… Пошто ми пропаднаа сите концерти, театарски претстави и фестивали, решихме со женичката, дома да напрајме дискотека. Ја се средих, музика, светло, шипка… Таман мислех са ќе има забава, она вика абе ти мерките знаеш ле ги, сам по сам се улази у диското. Ја улазих два-три пати, прекапнах од играње и после се изнервирах, улегнах му како тие хулиганите и се искрших. Заеби диско, ќе го дадеме на власта и нека го напраат болница.
Сабаале станах прекапнан, шо од играње, шо од кршење. Е са мора да се спасаваме, да ода по леб. Мишан импасибл со мене место Том Круз. Ја сам нинџа Том Круз, умотан насекаде и отсекаде. Врзувам чаршавите шо имаме по дома, една јамболија на крајо оти фалат чаршави и од тарасата право у маркето упадам. Количката за пазарување ја карам како скејтборд, зимам се шо ми треба, утепувам два-три непријатели на системо, потенцијални коронаши,, излаза за 19 секунди, отварам черџето како Супермен и литнувам дома.
Тешка мисија беше, и ракавиците и маската са ми жива вода. Од сите мисии оваа ми е била една од најстрашните. И ако сам току јак, па не можех квасец и макарони да зема. За квасец ми е мака, за макарони току не. Италјанците оти имаа макарони не бива се спасија.
Час планирам стриптиз клуб да отварам… Тража танчарки со негативен тест.

Битната порака е: Сега не е време да се маате по цркви и манастири и да цаливате икони. Ја ќе ви кажа кога може това да го прајте.

 

КАРАНТИН – ДЕН 6 (втор дел изглеа)

 
Женичката работи од дома, а ја се печа на с’нцето како смок, убивам коронавирусо од вонка. Како ага, само цигари пуша и млеко за сунчање се мачкам.
Добро е, исчуреа ни бизнисите, ама барем она ќе искара некој динар, нема за леб да се свиеме. Текна ми да се протрчувам малку, облекох си шорцеви и дрес на Саса и си трча по дома. Алооо Васкооо, чисто изветреа, шо си се растрчал – нервира се женичката. Онлајн физичко, спремам се за Европското у фудбал, требаше да е оваа година, ама догодина ќе е.
Не помина ни пола саат, како си трча гледам еден ѕид у кујната, цел флеки. Пржила е нешто и лом е направила – мисла си. Шо си наприла ѕидо бе женче, питам ја културно. Онлајн ликовно имах, применети уметности. Цццц, и она се побрка.
Текна ни, мора да набавиме некоа опрема и мора да излазиме на вонка. Спремааме се како Бони и Клајд и кренааме. Ја вонка сам како тај главнио од Долина на волците, мафијаш невиден, пцувам се што ни се доближи на 3-4 метра, а она е како тие жените у турските серии, исплаче ме како стварно умрел да сам ако се додирна на некој излог.
Потсмириме се и продужуваме. Бони и Клајд агеин. Ограбииме две-три аптеки, ракавици, маски, алкохоли, чуда, врагове, се им земахме. Упадахме и у маркети, ама квасец нема никаде, џабе свето јадоа кундаци од наште пушки.
Прибрааме се у дувлото, и си викам са ќе ја изненадувам, заслужила е женичката, по цел ден работи. Поканих ја на вечера. Она се дотерува, шминка се, прај се, а ја јадење спремам. Маса постелена, свеќи, чаши измиени, дотерах се и ја. Селфи мора да ставаме на инстаграм, излегнали сме на вечера, да видат свето дека и ние бел леб јадеме.
Додека се спремах, испогоре ми јадењето, учуре се насекаде, за малце и кујната ќе запалех. Излегна жената со една штикла, одглава ќе ми ја маа. Среќа, спремен сам ја за секаква ситуација. Јавувам се одма, готово јадење да зема, без лути пиперки, оти ако ја подлута уше малку, стварно ќе изедам левата штикла. Те да апнеме малку и ќе гледаме турска серија.
 
Битната порака е: Дезинфецирајте ги и влезовите од индивидуалните и колективните објекти дека живеете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *