ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – ДЕН 5

КАРАНТИН – ДЕН 5 (прв дел, не знам коку дела ќе има денеска)

И дома прогласииме вонредна состојба. Не може така, да не се знае кој пие, кој плашта. Ја ги преземах функциите претседател, технички премиер и министер за здравство. Женичката ќе е работничка у конфекција, шофер на автобус и човек гонен оти прекршува самоизолација.

Денеска веќе држах две-три прес конференции, дотеран, избанан, малку со подочнаци… Како Бранко Црвенковски на времето. Боље бити пијан, него стар, и мало догоран. На вторио прес промашувам „р“ буквата, Никола Груевски не ми е рамен… Украдох им и микрофоните на новинарите. На третио Заев и Оливер уедно. Што ве врта, задужувам ја државата за 50 миљона, а вие седете дома. За робичка пара мора да има.

Женичката се побуни… Е така, вие политичарите само за вас си гледајте. Ние ни се поболуваме, ни пари ни требаа, ни од дома треба да излазиме. Она ти е вистинска широка народна маса.

А на мене ми у убаво на пресове. Ич не е тешко, думаш-думаш, ништо не кажеш.

Гле са, и ние политичарите сме посветени родители, сопрузи, татковци… Дојде време и ја мора да сам фамилијарен човек. Кренах у набавки, маскиран. Еднаш реша да крена без обезбедување и у лифто се заглава. Парите за у маркето ги стискам со левата рака, препотија се у џепо. Со десната појаката, она прво нека настрада, ѕвона на ѕвончето за итни случаи. Собраа се два-трујца комшии, теглија, кцаа, одглавија ме. Они па чисто побркани, братски ќе ме прегрштаа, познаа ме кога ме видеа. Абе бегајте бе коронаши, фали ви ама заебете таа работа. Ја на педер ле ви лича та ќе се прегрштам тука.

Заебах и маркет и аптека. Утре ќе ода, после прес конференцијата.

Битната порака е: Бидете внимателни кога купувате роба у маркети, не претакајте се и насекаде и задолжително дезинфецирајте го това шо ќе го купите.

КАРАНТИН – ДЕН 5 (втор дел)

Скроз сам преплашен. Седнах да пишам тестамент, ама не кажувам на кој шо ќе оставам ако се свија. Заврших го и го пратих на адвокато. Нека ги присобере наследниците ако ме снема.

Помислих си добро е, заврших една работа и кренах да се туширам. Таман си нашампоних главата, текна ми дека заборих крпа и гел за тело, згодно како мојто.

Женчееее, дај подај крпа и гел бе, заборавих ги. Женчееее… дера се више три минути. Идааа доста се дра како ненормален. Подава ми низ вратата и ја зимам со затворени очи од шампоно. Продужувам да се шлапкам и посегам по гело… Светнува ми у главата, чекај бе, ја немам гел у округло шише. Подзамивам едно око и поглиждам, солна киселина. Ццццц, глееај бе, штрапала ми е по компјутеро, видела е тестаменто и одма да ме преебе – размислувам си. Само паричките да ми лапне сака, а ја жив у огин улаза за неа. Това ти е бе, жена-змија.

Спремен сам како Карате Кид да ја нападнам, ама ми текнува дека у карантино ќе се свија за јадење, а не од коронавирусо. А и она е спремна за реприза на сцените од Мистер и Мисис Смит, и затова се решавам на изненадување. Ќе излегнам заљубен како Телохранитело на Витни Хјустон, ќе смена тестаменто, се на црквата ќе остаам, па да вида кој ќе ме пече, кој ќе ме вари.

Плано успешно ми поминува. За това или ме пазете или однесоа црквата и поповето.

Битната порака е: Бидете внимателни и со вашта облека после излазење од дома, задолжително оставајте ја да се проветрува, особено ако не сте у можност да ја ставите да се пере или да ја дезинфецирате.

КАРАНТИН – ДЕН 5 (втор дел)Скроз сам преплашен. Седнах да пишам тестамент, ама не кажувам на кој шо ќе оставам ако се…

Posted by Vasko V. Despodovski on Thursday, March 19, 2020

КАРАНТИН – ДЕН 5 (прв дел, не знам коку дела ќе има денеска)И дома прогласииме вонредна состојба. Не може така, да не…

Posted by Vasko V. Despodovski on Thursday, March 19, 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *