ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – ДЕН 4

КАРАНТИН – 4 ДЕН (прв дел, закаснан)

Се си беше добро од сабаале. Кренувам на работа како бел човек, без ниедна заебанција. Ода си по улицата и таман си мислех добро е, гледам една стара женичка спрема мена. Познах ја, на баба е втора братучедка, и она ме позна и одмах почна да се дере, да потрчнува накај мене и уште на десет метра беше спремна да ме гушка и да ме апе по образите.
Качих капата од дуксеро, маската на фацата и ја почнах да урлам: „Соно италиано, соно станко ди мурире, вадо а каза, ва фан куло, грацие тути, бона сера, ариведерчи, чао аморе“.
На три чекора од мене, жената подзастана, пофана се за глава, рече си дека е поулавела, а ја како Хамилтон со неговата формула 1, поминах и чур.
По втор пат си помислих, добро е, лесно поминах. Еле си знам италијански секаде ќе се опраа. Ама Господ стварно имало бе, стигне си те казната. Нема пола саат, ѕвони ми телефоно и милозвучен глас ми вика, шо прајш. Те на работа – одговорих. Милозвучнио глас се претвори у гласо на сатаната. Ти стварно скроз си ојдел со ак’ло, само улавштини изводиш, пет работи ти рекох да направиш од сабаале, ништо не си направил, стока да беше ќе се разбереше и оште думаше, ама ставих телефоно у џепо. После пола саат го вада и оште дума, дере се. Слушнах само дека се било средено, час со болнички тим, психијатриска екипа, полициски придружба и двујца генерал-мајори од Армијата ќе ме спроводат у друг карантин. Не можех да кажа на „а“ ни „б“, трас лупна телефоно, сигурно од некој ѕид.
Еба си мамата, откараа ме у лудница. Там претходнио пат не ми давашеа компјутер, телефон и други таквиа средства. Само по малку јадење и апчиња. По една шака апчиња у сите бои.
Изгледа па ќе е така. А „Дневнико“? Е шо „Дневнико“, кога ќе украдам компјутеро на докторо или на сестрата, па ќе пишам. Ја за това сам роден, ако на зор ме праат улав.

Битната порака е: Дечки, ситуацијата е секој ден се посериозна, и сами гледате, коку повеќе се самоконтролирате, току поарно ќе испадне.

КАРАНТИН – ДЕН 4 (втор дел, па закасанан, два дела ќе са денеска)

Докараа ме у другио карантин. Вози ме еден, личи како обезбедување у голем маркет и лажно се претставува дека ми е брат. Иначе него башта ми го е домакнал од Приштина, 83’ година кога се е враштал од Германија. Правото име му е Љуљзим Вранези. И са ми станал брат… Сите са ми браќа са, кога сам веќе славен. А где сте били кад сам био нико.
Женичката дека ме докараа и шо треба да ме чува и не е току лоша. Само два саата ми врека дека сам ја навредил пред „широката јавност“ – она така рече, кажува други зборови со по седум-осум и повише букви, шо не можех да ги запомна и се потсмири после. Гарантирам дека тука имаше улога и това шо ја малце ја шармирах, со прочуенио шарм на Џејмс Дин од „Бунтовник без причина“. Очекувах дека ќе добија третман како тај болнио у „Англиски пациент“, ама она ми рече са ќе си малку како Џенифер Лопез у тај филмо дека е нешто како куќна помошничка.
Даде ми метла, лопатка, џогер, правосмукалка и четка за заби… Само четката така постара беше.
И па ја како така позатворен тип, како Дилан од Беверли Хилс, направих фаца со заматен поглед и почнах да се понашам сериозно. Со четкичата за заби фуги на плочките чиста ееееј, а вие бе, за ништо не ве бива. 1142 метра сам исчистил… Ич не е тешко, чистиш 30 сантима, запишаш си на листе, со цртичка. И па си караш. Едно време ептен се заиграх и кај комшиите ќе одех. Од играње се изморих.
И после малце награда. Јадење. Омлет со ништо у него, две рибанки леб и половин чаша сок. Са ќе полегна, таа женичката ми даде ќебенце и рече те там на терасата, исчистено е.
Утре па ќе ви пишам, од новио карантин. Редовно!

Битната порака е: Вонредна состојба е, затова почитувајте ја социјалната дистанца, коку и да ви се чини тешко у одредени моменти.

КАРАНТИН – 4 ДЕН (прв дел, закаснан)Се си беше добро од сабаале. Кренувам на работа како бел човек, без ниедна…

Posted by Vasko V. Despodovski on Wednesday, March 18, 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *