ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН КАРАНТИНАШ – ДЕН 3

КАРАНТИН – ДЕН 3 (прв дел)

Разбудих се, добро е. Гледам ќе касна на работа. Па! На брзина пробах да перна едно кафе, испогорех се, ама нема веза, и јазико и коронавирусо ги спепелих. Облача нешто пошто-зашто, кој ќе ме гледа, ќорав човек нема по улиците. Кренувам самоуверено како Бетмен кога кренува да се тепа со Џокер, рацете у џеповите, ништо да не додирна.

Па нешто не е у ред. Шлапка ми, како некој да ме следи, крв ми се заледува од страх. Застана, завртам се, никој нема. Па крена, па ми шлапка. Пет-шест пати така, до Белата куќа. Кога погледна ја у влечки сам кренал. Они шлапкаа. Вада од ранецо едно кесе со еден кроасан и еден портокал, соблача палтото и трча назад, демек до маркето сам одил. Свето шо са ме видели од терасите са видели дека сам подвижен како Арја Старк од Гејм оф Тронс.

Стегнах се конечно, зелени патики, бели чорапи, фармерки и кожено палто. Иван Драго од Роки четворката не ми е рамен.

Па трча нагоре, развртам се како Мила Јовович у Притаено зло или шо викаа американците Resident Evil, ниедно зомби не видех оште… Стигнах со последните атоми од силата, оти без мене не се може…

Ајде тука сам и денеска ќе го спасавам свето.

Битната порака е: Не прекинувајте со физичка активност и дома може да вежбате и разбира се јадете здраво.

 

КАРАНТИН – ДЕН 3 (втор дел)

Са поштено ви кажувам, најголемата каша-попара настанува кога користите јавно WC. Ја морах денеска. Ништо, спремам се психофизички и кренувам. У левата рака имам тоалет хартија, бришачи и влажни марамици. Опремен сам како амерички војник у Виетнам. Стигам. Ритам вратата, скенирам ја ситуацијата како Терминатор двојката. Добро е, има шолја, чешма полускршена и течен сапун. Друго нема. Акооо, опремен сам ја. Подритнувам ја вратата, праа шпага за да става рајберо. Со десната рака се откопчувам, смачам се до колената, пошто со десната сам јак, со Мајк Тајсон мога да се бора. Пробам да се мрдна два чекора назад, нагазувам врвцата на левата патика, сопнувам се и газечката упадам у шолјата.
Само левата рака ми е стабилна, у неа сам стиснал тоалето, бришачите и марамиците како од 24-каратно злато да са напраени. Нешто ме пецна у грбо, компјутеро у главата обработи, добро е това не е симптом на заразен од коронавирус.
Дигам се едвај, како брз кинески воз да ме е удрил пред железничката у Велес. Еба си мамата, и фармерки и дуксер се се е намокрило. Ајдееее, трча накај дома, Усаин Болт нема шанси да ме фане. Нешто од срам, нешто од страх, мисла дека ја достигнах брзината на светлината, оти сам сигурен дека бааги бех брз. Туширам се со изгор врела вода, до максимум да преебам сите можности вирус да има по мене, стегам се поново, малце помодерно од сабаале и па на работа.
Бидете спокојни, останувам у игра за спасавање на свето.

Битната порака е: Избегнувајте користење на јавни тоалети. До максимум!

 

КАРАНТИН – ДЕН 3 (трет дел)

Скарах се со телевизоро, ебати па клетото створение… Ја му пеа, кажувам му вициве, оно само страшни работи ми кажува. Па од Фреди Кругер току не сам се плашил. Дадох дозвола дома и него како микробрановите да го напраат постоље за китки. Не ми треба телевизор.

Херој на дено ми е еден српски доктор. Вика јадете се и свашта, са не е време за диети. Три пати у три саата јада, вол ќе се напраа. Веќе не трча, полечка си ода. Таман на раат си напраам муабет со некоја врата, со оградата пред зградата, со едно куче денеска си думааме.. Е ама човек кога вида, демек некој ми звони, засукам се и чур на дваесе метра. Ако ме познае, пошто тешко се познавам, маскирам се како Леонардо од Нинџа желки, вада слушалиците од ушите и се дера – Апаратчето не ми работииии, ништо не те слушаааам…  Он подума, подума, види дека разбирачка нема и се маане. Ебати улавштината и инвалидска пензија ќе зема.

Е сега добих наредба од претседатело на управнио одбор на кафичо да ода да фарбам нешто. Опрема натстандардна… Усуках колената со тоалет хартија, лактите исто со тоалет, маска војничка, резервни наочари за швајцање, брадничави панталони од дедо ми са наследство, кожуф, фута од баба и одозгоре скафандер шо ми го поклони еден французин летоска… Скафандер за пчелари.

Имам и мото: Не фарбај луѓе, фарбај стар инвентар! И селфи ново, шо ќе го објавам понатамо.

Битната порака е: Кажете им на блиските, особено на постарите дека мора да седат дома. Ветувам им партија шах, табла или карти кога ќе помине оваа состојба.

КАРАНТИН – ДЕН 3 (трет дел)Скарах се со телевизоро, ебати па клетото створение… Ја му пеа, кажувам му вициве, оно…

Posted by Vasko V. Despodovski on Tuesday, March 17, 2020

 

КАРАНТИН – ДЕН 3 (втор дел)Са поштено ви кажувам, најголемата каша-попара настанува кога користите јавно WC. Ја морах…

Posted by Vasko V. Despodovski on Tuesday, March 17, 2020

 

КАРАНТИН – ДЕН 3 (прв дел)Разбудих се, добро е. Гледам ќе касна на работа. Па! На брзина пробах да перна едно кафе,…

Posted by Vasko V. Despodovski on Tuesday, March 17, 2020

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *