Иницијатива „Обични луѓе, обични херои“ за поголема социјална еднаквост

True Sound of Kamenica покренува граѓанска иницијатива за поголема социјална еднаквост.
Во рамки на фестивалот започнува иницијативата „Обични луѓе, обични херои“. Примарна цел е создавање на фонд кој ќе се користи за помош на социјално ранливи категории на граѓани.
True Sound of Kamenica поголем дел од приходот од фестивалот во 2020 година ќе го искористи за набавка на соодветна ИТ опрема за Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, како и за набавка на спортска опрема за детските категории во локалните спортски клубови.
Поддршка на иницијативата „Обични луѓе, обични херои“ ќе биде побарана од сите компании, со што се надеваме дека ќе допринесеме за поголема социјална еднаквост.
Придружи се и ти! Биди обичен херој!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *