Утре, нов „Марш за чист воздух“ во Скопје

За да имаме здраво општество, мора да имаме здрава младина, а за да имаме здрава младина мора да имаме здрава животна средина!

Аерозагадувањето со години е проблем број еден во Скопје и пошироко, кое директно придонесува и за климатските промени, и затоа повеќе не може да се чека. Младите од средните училишта во Скопје минатиот петок ја презедоа иницијативата од возрасните, со барање властите итно и со максимален интензитет да се посветат на решавање на овој проблем.

По примерот на Петоци за Иднината на глобално ниво, во петок ги повикуваме средношколците повторно да ни се придружат на улиците во 17 часот, на последниот Марш во 2019, на рутата од Министерство за животна средина до Влада. Оние кои ги носат одлуките мораат да разберат колку ова прашање е важно за сите нас!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *