Концерт на Manu Chao во Скопје за само 800 фанови

Пасворд Продукција која е организатор на популарните Д Фестивал и Таксират Фестивал, го најави интимниот концерт на Ману Чао во Скопје. Концертот на кој ќе присуствуваат само 800 фанови ќе се одржи на 24-ти октомври во Денсинг салата на МКЦ. Заедно со Ману Чао (глас и гитара) ќе настапат и Лучано Фалико (гитара) и Мауро Манчебо (бонго). Ова трио во интимна атмосфера и акустична варијанта ќе ги сподели нивните нови и постари песни: Seeds of Freedom, La Vida Tombola, Sibérie, Mala Vida…

Билетите по цена од 600 денари се веќе пуштени во продажба на следниов линк bit.ly/2mVUSmb, а во Македонска Каменица може да резервирате во Cliff of Moher Pub.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *