Нема сомнеж, Green Beach Festival ќе биде журка за паметење

Уште десетина дена не делат до најдоброто музичко доживување за ова лето Green Beach Festival, фестивал кој годинава се одржува по десетти јубилеен пат. Местото на одржување на Green Beach Festival е во Струга, во непосредна близина на хотелот Еуротел, а годинава тој е закажан за 1-ви и 2-ри Август.

На 1-ви Август публиката ќе ја има честа да го слушне легендарниот Paul Kalkbrenner со неговиот live настап. Паул Калкбреннер е еден од водечките продуценти нна денешницата, симбол на Берлин кој пак е град-престолнина на современата електронска сцена. Овој неповторлив уметник преку своите сетови успева да биде врвен и на андерграунд и на мејнстрим сцената во исто време, и е гаранција за журка кој долго ќе се прераскажува.

Еден од најактуелните проекти кои издаваат за светски познатиот лејбл Afterlife-Adriatique, ќе настапат на 2-ри Август. За првпат на фестивалот ќе настапат и Балоски, Александар Младеновиќ и Давид Крстевски како локална поддршка.

Подгответе се, Green Beach Festival е многу близу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *