Ви ги претставуваме изведувачите на Д Фестивал: ХИНДИ ЗАРА

Хинди Зара е родена во јужнот дел на Мароко. Таа е еманципирана и космополитски настроена, со слободен дух, а своето искуство и номадскиот живот ги преточува во музика. Поради својот квалитет, често е споредувана со Били Холидеј, Џенис Џоплин и Пети Смит. Во 2010 година го издава својот прв соло албум „Handmade“, заедно со синглот „Beautiful Tango“, а неколку години подоцна го издава и вториот албум, насловен „Homeland“.

Секогаш инспиративната Хинди Зара пристигнува ова лето на Д Фестивал. Пејачката која ги спојува мароканската и париската сцена, на 14-ти јули ќе одекне во живо на главната сцена на Д Фестивал.

Покрај неа ќе настапат и други музички ѕвезди како Mahmut Orhan, Ofenbach, Tom Novy, Akua Naru, Napalm Death, Кирил Џајковски, Влатко Стефановски, Суперхикс, Страјк, Vojko V, Captain Hook и уште многу други кои ќе настапат од 12-ти до 14-ти јули во Дојран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *