По поделбата на „спортските ваучери“, најнезадоволни второлигашите

По поделбата на „спортските ваучери“ се појавија и првите реакции. Евидентно е дека „фудбалските ваучери“ ќе ги добијат само прволигашки екипи, со што е доведено во прашање постоењето на екипите кои се натпреваруваат во Втора и Трета лига.

Најголемата реакција засега доаѓа од кошаркарските второлигаши. Здружението на Второлигашките кошаркарски клубови со рекордно присуство досега,  денеска во просториите на КФСМ одржа состанок на кој клубовите го кренаа гласот против нивното исклучување од распределбата на ваучерите, кои ги додели Агенцијата за млади и спорт. Клубовите потпишаа и петиција под мотото „Нема ваучер, нема кошарка“, а зад нив стои и КФСМ, како тело под чија „капа“ тие функционираат. Петицијата ќе биде доставена до Агенцијата за млади и спорт, до Владата на РСМ, како и до министерството за финансии.

Со ваквата распределба, без ваучери остануваат и каменичките клубови, ФК „Каменица Саса“ и КК „Баскет Кам“ чија машка екипа се натпреварува во Втора лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *