„Најсиромашниот претседател на светот“ Мухика вели: Богатите мора да бидат исфрлени од политиката

Луѓето кои премногу ги сакаат парите мораат да бидат исфрлени од политиката, вели поранешниот претседател на Уругвај Хозе Мухика. 

„Ја измисливме демократијата, според која мнозинството ги донесува одлуките. Тоа е причината зошто ние, врвот на државата, треба да живееме на ист начин како и поголемиот дел од населението во државата, а не да бидеме привилегирани индивидуалци“, вели тој. Наречен „најсиромашниот претседател на светот“ Мухика донирал 90% од неговата плата во добротворни цели.

„Не сум против богатите луѓе и луѓето кои имаат пари, сакаат пари и полудуваат за пари, но во политиката тие луѓе мора да се одделат затоа што тие се опасност за политиката. Луѓето кои сакаат пари треба да се посветат во индустријата, трговијата за да го размножат богатството. Но политиката е борбата за среќата на сите“, додава тој.

„Вратоврската е бескорисен партал што го ограничува вратот. Јас сум непријател на хиперконсумеризмот. Поради него, човек заборава на основните работи“, вели Мухика.

 

ЗА ХОЗЕ МУХИКА

Кога во 2010 година ја презема претседателската функција, Мухика одби да живее во претседателската резиденција и со сопругата остана во својата куќа на фамилијарната фарма каде што одгледува цвеќиња. Куќата и фармата за цвеќиња се во сопственост на неговата сопруга, а единствениот негов имот е старата Буба што ја има од 1987 година. Мухика во текот на 60-тите и 70-тите години бил дел од герилската борба против уругвајските власти, па овој поранешен водач на левичарската герила поминал цели 13 години во затвор. Познат под прекарот Пепе, Мухика бил ранет шест пати и во повеќе наврати бил мачен и заробен во самици. Својата слобода ја добил во општата амнестија по крајот на воената диктатура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *