На 13-ти април Conquering Lion ќе слават 12-ти роденден

Conquering Lion Ве кани на роденденски концертен настап во Младински Културен Центар, на 13-ти Април (сабота), за заедничка прослава на нивниот 12-ти роденден!

Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува во април 2007. Во октомври 2009. бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како “I” за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната “Jah Love”. До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово. Вториот по ред албум насловен како “Know Your Wisdom” излезе на 26-ти август 2011 по што следеше 30-дневна балканска турнеја. Две години подоцна на 22-ри Ноември 2013 бендот го издаде третиот студиски албум “Revelation” за издавачката куќа “Password Productions” од Македонија, по кој следеше успешна пролетна Европска турнеја. Како едни од побитните настапи на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote…Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, Riding Higher во Германија, In Music Festival во Хрватска, Таксират Фестивал во Македонија, Spirit Of Burgas во Бугарија…
Conquering Lion го издаваат својот 4-ти по ред студиски албум насловен како “Land Of Confusion” кој беше издаден на 24-ти Февруари 2017 за издавачката куќа Locksmith Records од New Jersey, USA. “Land Of Confusion” беше номиниран на листата за најдобар реге албум за 2017 на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”. Сите три сингла од новиот албум “Wake Up”, “Go” и “Natty Lion” беа премиерно промовирани на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”.
Моментално Conquering Lion работат на својот 5-ти по ред студиски албум. Првиот сингл од албумот “Shine” беше премиерно промовиран истотака на порталот “Reggaeville” на 23-ти Март 2018. Вториот сингл “Badman World” заедно со италијанскиот реге артист Рафаел беше премиерно промовиран на порталот “Reggaeville” на 27-ми Август 2018.

Како специјални гости на настанот ќе настапат реге артистите Samity (Rice and Peas) и Kappa Irie (Zionlionz SS) од Бугарија. Како домашна поддршка ќе настапат основачите на Funky Fresh, DJ Гоце САФ и DJ Чваре.

DJ GOCE (S.A.F.) – Македонскиот продуцент и диџеј Гоце го започнува својот опус во раните 90-ти кога се запознава со хип-хоп културата. Во 93-та ја основаат култната рап групација С.А.Ф. и го издаваат првиот рап албум на Балканот “Сафизам” издаден на плоча во 2002 година. Со повеќе од 20 години искуство на хип-хоп сцената, диџеј Гоце има настсапувано заедно со некои од поголемите имиња како: DJ Sebb, DJ Maseo, DJ Dice, DJ Rondevu ,DJ Cheeba, DJ Format, Dj Angelo, Jon 1st, Kut L, Dj Phantom, Rob Manga, Boca 45, Terrence Parker, Dj Ron Phlatline, DJ 279, The Blazin Brothers, Roots In Session, DJ Dirty Hairy, Diamond D, Large Professor, Mobb Deep, Ghostface, Phryme, Das Efx ,Jeru the Damaja, The Beatnuts, Nicole Willis & The Soul Investigators…Во 2015 имаше чест да настапува заедно со култните Gangstarr Foundation на еден од најголемите хип-хоп фестивали во Европа, Hip-Hop Camp во Чешка. Во 2016 беше дел од Европската турнеја на Gangstarr Foundation како нивни диџеј. Во 2017 го продуцираше четвртиот студиски албум на Conquering Lion кој беше номиниран за најдобар реге албум за 2017 на Греми наградите.

Влезниците се по цена од 300 денари во претпродажба и 400 денари на влез САМО на Билетарница на МКЦ и online преку bileti.mkc.mk

Почеток на настанот е во 21:00 часот.

One Love! One Aim! One Heart!
Jah Ras Tafar!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *