Македонска Каменица: манастирско-туристички комплекс „Еленец“

Манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ се наоѓа во село Цера, на околу 1000 метри надморска височина, на 12км оддалеченост од Македонска Каменица. Во преубавите зелени пејсажи е изграден манастирот „Покров на Пресвета Богородица“…

Со средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка, Општина Македонска Каменица реконструираше два од старите манастирски конаци, еден е реконструиран од Здружение на граѓани „Еленец-Цера“, изградени се нови пешачки патеки, поставено е ново осветлување и урбана опрема.  До локалитетот води нов пристапен асфалтен пат. Со сопствени средства, но и со поддршка од Рудник „Саса“, Здружението на граѓани „Еленец-Цера“ ги изгради првите три од предвидените десетина летниковци.
На преубавиот Еленец веќе се оддржуваат неколку големи манифестации: Бабина баница, Ден на дијаспора и голем црковно-народен собир (на 14 октомври) по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица“. Еленец е домаќин на бројни викенд посетители, а само во текот на 2018 година го посетиле повеќе од 20000 гости.

Во последните две години „Еленец“ ги пречекува и француските авантуристи и хуманитарци од иницијативата „Europ’Raid“ и станува се попопуларна туристичка дестинација.


Во наредниот период, ќе биде реновирана и старата кујна, ќе бидат изградени нови летниковци, а се предвидува и понатамошна реконструкција на манастирските конаци со што сместувачкиот капацитет би се зголемил и би достигнал до триесетина легла.
Посетете го Еленец!

ФОТОГАЛЕРИЈА – Europ’Raid 2018

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *