Таксират #20! Преврти го Скопје наопаку!

ТАКСИРАТ оваа година го прославува своето јубилејно 20-то издание, а завршницата на големата прослава нѐ очекува токму на главната фестивалска вечер која ќе се одржи на 8-ми декември и на нова локација, во ВИП Арената „Борис Трајковски“. PENDULUM Dj set, MANDO DIAO, NOUVELLE VAGUE, DUBIOZA KOLEKTIV, SMUT,  THERAPY?, TRAP DA FUCK UP, SAF Sound System, RАHZEL се изведувачите од финалето на ТАКСИРАТ 20! За оваа вечер Арената ќе биде претставена во сосема поинакво светло, посебно уредена за оваа цел со врвна продукција доловувајќи ја препознатливата атмосфера на Таксират, со три фестивалски бини, капацитет за повеќе од 10.000 посетители и претставувајќи го новиот продукциски концепт на Фестивалот!

Време е да го превртиш Скопје наопаку!

  • оригиналната објава е на следниов ЛИНК!

Листа на бендови

Pendulum DJ Set

Pendulum DJ Set – АВСТРАЛИЈА

Легендарниот австралиски drum’n’bass феномен PENDULUM кој стои зад химните на овој жанр како „Tarantula“, „Blood Sugar“ и многу други, пристигнува во Скопје! Pendulum на 8-ми декември во арена „Борис Трајковски“, ќе настапат со својот фуриозен диџеј-сет за конечно да и покажат и на македонската публика зошто во овој формат тие важат за неприкосновеното дуо во светот на drum’n’bass културата!

Членовите на бендот кој е оформен во 2002 година, во 2013-та го најавија повлекувањето на Pendulum од live настапите, за да се посветат на новите проекти меѓу кои е и познатиот Knife Party, но константните барања за повторно активирање од страна на армијата фанови низ цел свет, резултираа со come-back турнејата во 2016-та и новиот албум чие снимање го најавија лани! На Таксират тие доаѓаат во фуриозниот DJ формат, нивното идеално издание за најенергичните фестивалски журки, бидејќи единствено така може да се доживее вистинската енергија со која тие веќе со години владеат на најголемите светски фестивали, а која најчесто се споредува со атмосферата на експлозивните настапи на The Prodigy.

Mando Diao

Mando Diao – ШВЕДСКА

Шведската инди-рок група MANDO DIAO (Мандо Диао) конечно ќе гостува со концерт кај нас, а својот премиерен настап пред македонската публика бендот го потврди за оваа зима и тоа на јубилејниот 20-ти ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ во Скопје!

Mando Diao започнаа да творат во 1999-та година, и за 19 години постоење снимија 8 студиски албуми. Уште со првото нивно издание „Bring ‘Em In“ во 2002-ра година ја освоија сцената во земјата од која потекнуваат а чија музичка репутација е неспоредлива, но секој следен албум значително им ја зголемуваше популарноста и на интернационалната сцена. Нивниот стил оформен со гаражен рок/поп/инди звук и извонредната енергија на настапите во живо беа многу бргу препознаени, па набргу светската критика и фановите ширум светот се согласија дека Mando Diao е еден од најдобрите бендови на современата рок сцена.

Nouvelle Vague

Nouvelle Vague – ФРАНЦИЈА

Бендот кој во шармантен боса-нова манир ги редефинира најзначајните периоди од панк и рок историјата, повторно го носи во Скопје неодоливиот звук кој отвори поинаква димензија на новиот бран.

Dubioza Kolektiv

Dubioza Kolektiv – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Јубилејната 20-ка не смее да помине без едни од најверните другари на #Таксират собрани во најпопуларниот балкански бенд, Дубиоза Колектив. Озлогласениот лидер во борбата за социјални промени и бендот од Балкан со најголем светски успех, на 8-ми декември се враќа во својот природен хабитат.

Therapy?

Therapy? – СЕВЕРНА ИРСКА

Во листата изведувачи за главната вечер ни се придружува култниот алт-метал бенд од Северна Ирска кој речиси 30 години е во врвот на светската алтернативна сцена, а повод повеќе е нивниот неодамна објавен нов, 15-ти албум CLEAVE.

Smut

Smut – МАКЕДОНИЈА

Две години по концертот за 20 години постоење, гордоста и основоположниците на македонската метал-кор сцена се враќаат со full set performance на домашен терен, овој пат за јубилејна 20-ка на ТАКСИРАТ и уште еден успех како повод – новиот, одличен албум „ТИЕ СЕ НАСЕКАДЕ“!

Trap Da Fuck Up

Trap Da Fuck Up – МАКЕДОНИЈА

За 4 часа журка, денс стејџот во арена „Борис Трајковски“ го препуштаме на #TDFU екипа! Bring the heat!

SAF Sound System

SAF Sound System – МАКЕДОНИЈА

SAF Sound System за Funky Fresh вајб и жестока журка на Taksirat Festival #20!!!

Два грамофони, микрофон и денс стејџот на главната вечер се резервирани за две хип-хоп легенди DJ Гоце и Пикисипи на 8-ми декември во арена „Борис Трајковски“.

Rahzel + Total Eclipse & Precision

Rahzel + Total Eclipse & Precision – САД

Skopje, please welcome RAHZEL & the X-Ecutioners! Легендарниот и ненадминлив битбокс шампион Rahzel заедно со славниот скреч тандем Total Eclipse и Precision, ќе настапат на Денс Стејџ, втората бина на Таксират #20.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *