Со стендап шоу на Никола Тодороски продолжува T Sound Festival. Билети во продажба во Cliff of Moher

T Sound Festival 4 (True Sound of Kamenica)  продолжува со стендап шоуто на Никола Тодороски. Овој стендап спектакл ќе се оддржи на 16.10.2018 во Домот на култура во Македонска Каменица. Настанот финансиски е поддржан од Министерство за култура на РМ, со логистичка поддршка од КИЦ „Романса“ и општина Македонска Каменица. Билетите по цена од 80 денари веќе се пуштени во продажба во Cliff of Moher Pub. Нето приходот од оддржувањето на ова стендап шоу ќе биде дониран за подобрување на егзистенцијалните услови на фамилија Спасевски од село Тодоровци.

Инаку, ова не е последен настан кој е дел од T Sound Festival за оваа година. За ноември се подготвува музичкиот настан „Чудно, но вистинито: Рап у Каменица“. Детали за овој настан ќе бидат објавени на 20-ти октомври. #ПриказнатаПродолжува!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *