АСГАРД подготвува Локална Младинска Стратегија (2019-2023)

АСГАРД 2015 од Македонска Каменица е во завршна фаза на подготовка на Локална Младинска Стратегија (2019-2023) и Акционен План за 2019 година. Целта е да се обезбеди реална поддршка за младите од Македонска Каменица да учат, да се обучуваат, да стекнуваат нови искуства и преку волонтирање да се подготват за животните предизвици. Стратегијата ќе понуди можности за младите да се развиваат и да се стекнуваат со знаење и искуство во локалните институции и организации.  Најголема причина за подготовка на оваа Стратегија е на младите каменичани да им се понудат вистински алтернативи и активно да бидат вклучени во општествените процеси, и нивниот избор наместо заминување во странство да биде останување во родниот град и давање допринос за создавање на просперитетна општина.

АСГАРД 2015  подготвува и неколку проекти чија цел е подобрување на квалитетот на живот на младите луѓе во Македонска Каменица и со истите ќе аплицира за обезбедување на финансиски средства во неколку меѓународни фондови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *