Stefano Noferini и Zoster на T.S.O.K. Festival во Македонска Каменица

Македонски изведувачи во подем, босанска фестивалска атракција и италијански диџеј се дел од четвртотото издание на True Sound of Kamenica Festival.

По лудиот промотивен T.S.O.K. настан кој се оддржа на 23.06.2018, а на кој настапија Kultur Shock, The Black And Vice Social Club и Weltschmerz, во финална фаза е подготовката и за дводневниот True Sound of Kamenica Festival кој ќе се оддржи на 11-ти и 12-ти август на повеќенаменското спортско игралиште во Македонска Каменица. Малиот фестивал и годинава нуди големи имиња. Во сабота, на 11-ти август ќе настапи феноменалниот босански бенд Zoster и тоа е ексклузивна можност да се види овој бенд во Македонија. Покрај Zoster, на првиот фестивалски ден ќе настапи и македонскиот бенд KI кој полека но сигурно ја освојува регионалната музичка сцена.  T.S.O.K. Festival ќе започне со fire show-то на Acid Triple.

Главна ѕвезда на вториот фестивалски ден е италијанскиот техно магионичар Stefano Noferini кој во рамки на својата турнеја ја вклопи и Македонска Каменица. Noferini е синоним за врвни Tech-House/Techno журки. Неговата позиција како едно од најпочитуваните имиња на сцената е резултат на посветеноста кон овој занает. Спојот на енергична страст и чист талент го вивнаа на место од највисоко ниво. Noferini е познат по своите епски сетови и е редовен хедлајнер на најпопуларните светски фестивали и во врвните светски клубови: Ultra Music Festival, Space Ibiza, Ministry of Sound, Elrow, The Egg и многу други. Овој човек го има насекаде, од Лондон до Ибица, од Берлин до Буенос Аирес.  Македонска поддршка за настапот на Stefano Noferini се македонските техно принцези Angella и Lesya, и македонските диџеи Nennat Omen и Blendimore.

 

Билетите за True Sound of Kamenica Festival се во пуштени во продажба онлајн и преку продажната мрежа на mktickets.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *