Зошто не смеете да го пропуштите настапот на Kultur Shock во Македонска Каменица

По седум години, Kultur Shock се враќаат во Македонија и тоа во Македонска Каменица.

Во еден текст кој неодамна беше објавен на хрватскиот портал  https://trusty.hr за овој бенд беше напишано следново:

„Американскиот бенд предводен од Сараевец прави концерти со цунами енергија и полни со емоција, има стил кој тешко се дефинира, но обично ги опишуваат како џипси панк, рок, метал бенд со севдах моменти, односно како бенд кој го сакаат сите што ги слушаат и SOAD, Gogol Bordello, Manu Chao, Gang Of Four или The Pogues.

Бендот е формиран во 1996 година од Srđan Jevđević и до денес има објавено осум студиски и три live албуми и две ДВД-ја. Kultur Shock досега има отсвирено илјадници концерти ширум светот во повеќе од 40 европски земји, десетина северноамерикански турнеи и неколку азиски, што значи дека не може да потфрлат на live настап“.

Се што е напишано погоре е доволна причина да присуствувате на True Sound of Kamenica Festival, на 23-ти јуни во Македонска Каменица и да се уверите дека Kultur Shock се навистина огромна музичка атракција. На нивниот настап ќе претходат настапите на неверојатниот македоснки бенд The Black and Vice Social Club и ЕКВ трибјут бендот Weltschmerz.

Влезниците се веќе пуштени во продажба онлајн на: https://www.karti.com.mk/kultur-shock-23-06.nspx

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *