Билетите за Kultur Shock се пуштени во продажба! Музичкото шоу во Македонска Каменица е на 23-ти јуни

На 23-ти јуни, од Сиетл (САД) во Македонска Каменица пристигнува култниот џипси панк бенд Kultur Shock. Бендот е првокласна фестивалска атракција која ги има поминато сите значајни светски фестивали, а нивните хитови кои се микс на традиционална балканска музика со рок, панк и метал повеќе од 20 години ги воодушевуваат музичките фанови.

Промо билетите за ова спектакуларно музичко шоу се веќе пуштени во продажба по суперцена од 200 денари и таа важи само до 15-ти мај. Билети можат да се набават онлајн на следниов ЛИНК или во Cliff of Moher Pub во Македонска Каменица.

Инаку, Kultur Shock sо издавањето на новата песна „Refugee Song“ го прекинаа едногодишното „душевно преиспитување и истражување како да се опстане во светот кој моментално нема никаква смисла“ и се подготвени за врвно музичко доживување.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *