СТЕФАНО НОФЕРИНИ ДОАЃА НА TRUE SOUND OF KAMENICA

Италијанскиот диџеј Стефано Ноферини е синоним за врвни Tech-House/Techno журки. Неговата позиција како едно од најпочитуваните имиња на сцената е резултат на посветеноста кон овој занает. Спојот на енергична страст и чист талент го вивнаа на место од највисоко ниво. Стефано е познат по своите епски сетови и е редовен хедлајнер на најпопуларните светски фестивали и во врвните светски клубови: Ultra Music Festival, Space Ibiza, Ministry of Sound, Elrow, The Egg и многу други. Овој човек го има насекаде, од Лондон до Ибица, од Берлин до Буенос Аирес.
На 12-ти август, Стефано Ноферини ќе му даде нова димензија на True Sound of Kamenica и со веќе потврдените музички имиња фестивалот прераснува во еден од најдобрите македонски фестивали.
Не пропуштај! Подготви се за T.S.O.K.!

* сите дополнителни информации поврзани со настапот на Стефано Ноферини во Македонска Каменица ќе бидат објавени наскоро

Официјалниот фејсбук ивент е на следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *