TSOK Festival добива ново лого!

„Асгард 2015“, asgard.mk и kamenica.mk ги избраа најдобрите лого дизајни за музичкиот фестивал True Sound of Kamenica. На конкурсот кој траеше до 28-ми февруари, пристигнаа повеќе од 90 решенија за ново лого на фестивалот.

Најдоброто лого го изработи автор потпишан како Nomaduzz и тоа ќе се користи во иднина на сите фестивалски промотивни материјали.

nomaduzz_logo_tsok

Второнаграденото лого е дело на Анче Стаменов.Ance_tsok_logo_2

Третата награда во изборот за најдобро TSOK лого ќе се додели за решението на Христијан Тасов.

Tasov_tsok_logo_3

Сите наградени автори треба да ги испратат логоата и во векторски формат, по што ќе им бидат доделени наградите. Авторот на првонаграденото лого ќе добие 6.000 денари, второпласираниот 3.000, а третопласираниот ќе добие 2.000 денари.

Со оглед на фактот дека многу од пристигнатите логоа се извонредни, asgard.mk ќе награди уште неколку автори и ќе им понуди соработка за подготовка на промотивните материјали кои ќе се изработуваат во наредниот период.

На сите учесници на конкурсот им се заблагодаруваме за учеството на конкурсот и за секоја идна промоција и популаризација на True Sound of Kamenica Festival.

  • во продолжение се логоата кои ќе бидат дополнително наградени.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *