750 Французи летово доаѓаат во Каменица. Europ’Raid учесниците ќе ноќеваат на „Еленец“

Популарната француска иницијатива Europ’Raid по вторпат ја стави Македонска Каменица на својата мапа. Учесниците на најголемата европска рели авантура и во текот на 2018 година ќе ноќеваат на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица. На патот низ 20 европски земји, за дваесетина дена, единствената локација за ноќевање на 750 млади Французи во Македонија ќе биде малата рударска општина. Французите кои патуваат низ Европа со возила од марката „Пежо 205“ ќе организираат и солидарна акција, а за годинава се предвидени донации за основното училиште и за локалните спортски клубови во Македонска Каменица.

Претставниците на Europ’Raid организацијата денес беа примени и од градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова. На средбата таа беше информирана за целите на организацијата, а и беа презентирани и позитивните ефекти од минатогодишниот престој на младите Французи во Македонија. Настанот е од огромно значење за промоција на Македонска Каменица како потенцијална туристичка дестинација.

europraid_gradonacalnik

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *