Сакате да патувате, а не знаете каде. Овие градови се вистинскиот избор.

Дали имате желба да побегнете од сообраќајниот метеж, вревата и обврските во вашиот град? Овие 12 места низ Европа гарантираат мирен и романтичен одмор за вас и вашиот партнер. Доколку не можете да го напуштите вашиот град сега, избегајте од него макар за миг.

1.Бриж, Белгија – Бриж со причина се смета за најромантичниот мал град во Европа. Без разлика дали ќе го посетите во зима или лето, ќе се вљубите во оваа романтична идила.

2.Халштад, Австрија – Ова мало скриено европско богатство е токму она што ви треба во текот на зимата. Има снег, шарм на мал град и романтични ноќи покрај каминот.

3.Чешки Крумлов, Чешка – Само на неколку часа северно од Прага, се наоѓа чешкото богатство Чешки Крумлов на реката Волтава. Вистински избор доколку сакате да избегате од реалноста и да уживате во топлото гостопримство на тамошните жители.

4.Чинкве Тере, Италија – Секако, не би можеле да набројуваме романтични места низ Европа без да ја спомнеме Италија. Чинкве Тере е името на областа која ја сочинуваат неколку мали гратчиња, причина плус да посакате да ја посетите.

5.Вроцлав, Полска – Вроцлав е голем град, но стариот дел е мало и романтично место каде би сакале да бидете макар на неколку дена. Тоа е не толку популарно место за романтичните души каде може да уживате во типичната полска архитектура.

6.Баварија, Германија – Баварија е област во Германија која ја сочинуваат повеќе мали места кои ќе ви го одземат здивот. Се препорачува да изнајмите возило и да ја прошетате цела Баварија, создавајќи незаборавни мигови со вашиот партнер.

7.Св. Мориц, Швајцарија – Иако полно со туристи на зима, во потоплите месеци ова гратче е совршеното тивко место кое би сакале да го посетите.

8.Харлем, Холандија – Харлем е не толку познато место во Холандија кое го нуди познатиот шарм на Амстердам, но и нешто повеќе.

9.Порто, Португалија – Прекрасен збир на минатото и сегашноста на португалската култура. Всушност, Порто е вториот најголем град во Португалија, но стариот дел од градот жалосно е да не биде вклучен во оваа листа.

10.Колмар, Франција – Поради близината на германската граница, во Колмар се чувствува германското влијание, но и француската романтика.

11.Гдањск, Полска – Иако помалку познат од Варшава и Краков, Гдањск вреди да се посети. Може да се пофали со интересна архитектура, ресторани и барови и многу романтична атмосфера која ќе ја разгори вашата љубов.

12.Блед, Словенија – Нема нешто поромантично од долги прошетки покрај езеро, возење со чамец и посета на мали цркви покрај езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *