Суперпромоција во „Книжарница Или Или“. 10 книги за 1000 денари.

Книжарница Или Или објави суперпромоција за купување книги. Во периодот од 12-ти до 17-ти февруари им овозможува на вљубениците во добрата книга да купат десет наслови по вкупна цена од 1000 денари.

Меѓу понудените автори и наслови се:

Нобеловката Елфриде Јелинек со контроверзниот роман „Алчност“;

Уште поконтроверзниот Борис Вијан со „Ќе ви плукам на гробовите“;

Ирвин Велш со „Ѓубре“;

Омилениот Бернхард Шлинк со анархистичниот „Викенд“;

Прекрасната Зејди Смит со „Собирач на автограми“;

Унгарските книжевни перјаници Ноеми Сечи со „Комунистот Монте Кристо“ и Шандро Жигмонд Пап со „Ништожни мали животи“;

Ценетата полска авторка Олга Токарчук со „Талкачи“;

Наградуваната германска авторка Јулија Франк со „Растроена жена“;

Шведскиот писател Пер Улов Енквист со „Посетата на дворскиот лекар“.


Направете добар избор, ова навистина не смеете да го пропуштите! 

ili ili

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *