Conquering Lion – Најдоброто на True Sound of Kamenica Festival

Conquering Lion е даб/реге/хардкор бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува во април 2007.

Во октомври 2009 година бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како „I” за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни, меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната „Jah Love”. До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Косово.

Вториот по ред албум насловен како „Know Your Wisdom” излезе на 26ти август 2011 по што следеше балканска турнеја од 1-ви до 25-ти септември. Како едни од побитните настани на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Hornsman Coyote…

Conquering Lion настапија на True Sound of Kamenica 3 кој се оддржа во август 2017 година.

Повеќе информации за овој македонски супербенд може да најдете на следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *