Зостер – Најдоброто на True Sound of Kamenica Festival

Групата Зостер настанала во 2000 година, на иницијатива на Марио Кнезовиќ и Дражан Планиниќ. Името го добила откако Марио го прележал „зостер херпесот“ – вирус кој живее во човековото тело, а при пад на имунитетот се манифестира на површината на кожата и со тек на времето се шири по целото тело. Симболиката е во тоа што Зостер настанува како последица на општествениот пад на Балканот. Позади себе оваа група има четири студиски албуми: „Оjužilo“, „Festival budala”, „Imači kada” i „Srce uzavrelo”. Во моментов составот на групата Зостер го сочинуваат:  Марио Кнезовиќ, Атила Аксој, Горан Ребац,  Дражан Планиниќ  и Марко Јаковљевиќ.

Зостер имаат настапувано насекаде ширум светот, како и на некои од најзначајните фестивали во Европа. Во Македонска Каменица, Зостер настапија на True Sound of Kamenica Festival 2, кој се оддржа летото 2015 година.

Повеќе за Зостер прочитајте на следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *