Мудри цитати од Боб Марли

Боб Марли (6 февруари 1945 – 11 мај 1981) беше реге музичар од Јамајка кој стана голема инспирација за многу други уметници. Неговото вистинско име било Неста Роберт Марли. Почнувајќи ја својата кариера во 1963 со групата Вејлерс, тој се истакнал со препознатлив стил на пеење и компонирање кој ќе одекне во срцата на публиката ширум светот. По распаѓањето на Вејлерс во 1974 година, Марли започнал соло кариера која кулминирала со издавањето на албумот „Егзодус“ во 1977 година, кој ја зацврстил неговата светска репутација и го воздигнал до статус на еден од најпродаваните уметнички имиња на сите времиња, со продажба од повеќе од седумдесет и пет милиони плочи. Тој бил посветен растафаријанец кој својата музика ја споил со својата духовност.

Откако бил уапсен за поседување марихуана, пејалот минал еден месец в затвор, за време на што се запознал со многу затвореници со коишто оформил пријателство. Тие затвореници го мотивирале да почне да пишува песни со повеќе политички пораки во нив.

Прочитајте неколку негови мисли кои можат да ви бидат инспирација.

1. Едно нешто е добро во врска со музиката; кога ќе ве удри, не чувствувате болка.

2. Некои луѓе го чувствуваат дождот; други само остануваат мокри.

3. Никој друг освен нас самите не може да ги ослободи нашите умови.

4. Една љубов, едно срце, една судбина.

5. Вистината е дека сите ќе те повредуваат. Само треба да ги најдеш оние за кои вреди да страдаш.

6. Сакај го животот кој го живееш,
живеј го животот кој го сакаш.

7. Можеби нема да ѝ бидеш прв, последен или единствен. Сакала порано и можеби ќе сака пак. Но ако те сака сега, што друго е важно? Таа не е совршена – не си ни ти, и двајцата заедно можеби никогаш нема да бидете совршени, но ако знае да те насмее, да направи двапати да размислиш, и да признаеш дека си човек и грешиш, остани до неа и дај ѝ сѐ од себе. Можеби нема да мисли на тебе во секоја секунда од денот, но ќе ти даде дел од неа за кој знае дека можеш да го скршиш – нејзиното срце. Затоа, не повредувај ја, не менувај ја, не анализирај ја и не очекувај повеќе отколку што може да даде. Насмевни се кога ќе те усреќи, дај ѝ до знаење кога те лути, и нека ти недостига кога не е крај тебе.

8. Ако е прекрасна, нема да биде лесна. Ако е лесна, нема да биде прекрасна. Ако вреди, нема да се откажеш од неа. Ако се откажеш, тогаш ти не си вреден…

9. Не освојувај го светот за сметка на својата душа. Мудроста е подобра од среброто и златото.

10. Подобро да умреш борејќи се за слобода отколку да бидеш затвореник секој ден во својот живот.

11. Не сум на страна на црнецот; не сум на страна на белецот; јас сум на страна на Бог.

12. Кога една врата ќе се затвори, зар не знаеш дека има уште многу други отворени.

13. Мораш да бидеш некој…пробуди се и живеј.

14. Можеш да измамиш некои луѓе извесно време, но не можеш да ги мамиш сите луѓе цело време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *