True Sound of Kamenica Festival

True Sound of Kamenica е уникатен open air музички фестивал чија цел e урбано будење и градење на улична култура.

На првото издание на True Sound Of Kamenica) кое се оддржа на 11 Јули 2014, настапија: Vladimir Acic и Loco Baby од Србија, Christian Craken, Momo Dobrev и Miss Party од Бугарија и македонските диџеи Даркман, Абраш, ЗокиПоки и Борче Панов.
Дел од вториот True Sound Of Kamenica кој се оддржа на 3 и 4 јули 2015 година беа: Zoster (BiH), Manuel De La Mare (IT), Green Out (MKD), DJ Diass (BG), Double D (BG) и DJ Nixar (MKD).

На True Sound Of Kamenica Promo кој се оддржа на 30-ти јуни 2017 настапија Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, бендовите 4и21, Lithium и DJ 5kowski.

Третиот True Sound Of Kamenica се оддржа на 18 и 19 август 2017 година, на старото спортско игралиште во Македонска Каменица.

На ова фестивалско издание настапија италијанскиот диџеј Alex Kenji, супербендот Conquering Lion, македонската рап сензација „Зад аголот“, македонскитe диџеи Андреј Мицајков, Flooder и Самоил Радински, локалниот рап состав „Јама46“ и локалниот бенд 4и21.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *